Правдико

   

Сé уште се врши претрес на МИТ Универзитетот, студентите се повикуваат на настава

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата се уште врши претрес во просториите на МИТ Универзитетот по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје.

mit-univerzitet

Од Обвинителството не информираат зошто се вршат претресите и за кое кривично дело станува збор со оглед на тоа дека станува збор за предистражна постапка.

„Се собира релевантна документација и докази кои би може да послужат како докази во истрагата“, велат од Обвинителство од каде најавуваат дека во текот на денот ќе излезат со соопштение за акцијата.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека не знаат за каква истрага се работи и дека од нив е побарана само полициска асистенција, а постапката ја води Обвинителството.

Сопственичката на Универзитетот, Билјана Апостолова, во четвртокот кога започнаа претресите во Универзитетот обвини дека се прави политичка хајка против нејзе заради тоа што јавно ја критикува власта.

Таа тврди дека универзитетот работи законски и го прозва поранешниот професор на МИТ, Оливер Андонов, кој сега е дополнителен заменик-министер во МВР, дека стои зад акцијата.

Андонов, пак, ѝ порача на Апостолова дека сите нејзини обвинувања изнесени за наводна политичка мотивација се крајно неосновани и упатени на погрешни адреси.

„Ја упатувам госпоѓата Апостолова сите свои забелешки да ги расчисти со Јавното обвинителство, а не со барање алиби преку наводно водење политичка хајка против неа. Нејзините политички ставови се нејзина лична определба и никого не засегаат“, вели Андонов.

На веб страницата на Унивезитетот има соопштение со кое се известуваат студентите дека наставата ќе се одвива регуларно.

„И покрај тортурата што на 5-ти октомври 2016 се изврши врз Универзитетот и растревожувањето на нашите студенти и на наставниот кадар, Универзитетот МИТ од 6 октомври 2016 продолжува со тековните активности. Се известуваат сите студенти дека наставата ќе се одвива во регуларен тек. Бруцошите ќе следат обука за електронскиот систем, која ќе се одвива во објектот ‘Сити галери’ на плоштадот Македонија, во претходно закажаните термини“, пишува во соопштението.

Универзитетот е формиран во 2007 година.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико