Правдико

   

Шест лица и две фирми кривично пријавени за “перење пари“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Битола, НК за КР – ПС Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против шест физички лица И.К. (41) од Прилеп, Ј.Х.(34) од Крушево, Д.Б.(45) од Скопје, С.Д. (64) од Битола, Н.Д. (29) од Велес, Г.Н. (43) од Прилеп, како и против две правни лица „Прлица“ ДООЕЛ Прилеп и „Дејо Интернационал“ ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Перење пари“ предвидено и казниво по чл.273 од КЗ на РМ.

Пријавениот И.К. во својство на прв оснивач и управител на фирмата „Прлица“ ДООЕЛ Прилеп, заедно со Ј.Х. сопственик на фирма која се занимава со трговија на огревно дрво од Крушево, во првиот квартал на оваа година склучиле договор за продажба на огревно дрво помеѓу фирмата „Прлица“ од Прилеп, како продавач и синдикалната организација на Фени Индустри од Кавадарци, како купувач. Со договорот, продавачот се обврзал да испорача 2.800 метра кубни дабови дрва од прва класа и 700 метри кубни бука прва класа, додека пак купувачот се обврзал да плаќа редовно на шест еднакви месечни рати. Паричните средства за првите три рати, кои биле уплаќани на жиро сметката на првопријавената фирма, веднаш биле извлекувани, паралелно со нивниот прием и без било какво реално покритие дека фирмата имала какво било работење. Фирмата немала никакво работење пред и после договорот со синдикалната организација на Фени Индустри, немала било какви средства за работа, ниту склучени договори за набавка на огревно дрво.

Исто така првопријавената фирма немала деловни односи со второпријавената фирма “Дејо Интернационал“ од Скопје, преку која пак противправно биле извлечени паричните средства од втората рата извршена од синдикалната организација на „Фени индустри“- Кавадарци. По исплатените три рати на сметка на ДООЕЛ „Прлица“ во висина од 3.650.000 денари продавачот на 13.05. годинава го известил синдикатот на Фени дека не е во можност да ги обезбеди договорените количини на огревни дрва.
Пријавените лица И.К., Ј.Х., како и Д.Б. сопственик на второпријавената фирма, Н.Д. управител во првопријавената фирма, Г.Н. во својство на книговодител на пријавените фирми, но и на фирмата од Крушево, и С.Д. пензионер кој што ја ставил својата лична трансакциска сметка во функција на противправните активности – имале за цел – со вршење трансакции да се извлечат паричните средства од сметката на „Прлица“ ДООЕЛ Прилеп (фирма која не е регистрирана за вршење на таква дејност), а прибавени од договорот за набавка на огревни дрва и да се прикрие патот по нивното подигнување.

Од страна на Фени Индустри во ОЈО Велес поведен бил судски спор. Пријавените, секој во својот домен, примале и вршеле пренос на парични средства со цел да ги прикажат трнсакциите помеѓу себе како тековни активности на фирмата „Прлица“ ДООЕЛ Прилеп. На таков начин извлекле и противправно присвоиле парични средства во вкупен износ од 3.650.000 денари.

Партнери на Правдико