Правдико

   

Што е медијација и која е нејзината цел

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mediationПостапка за медијација-комуникациски вештини и целта на комуникација во медијација

Медијацијата е вид на алтернативно решавање на споровите, во која по мирен пат со преговори на страните во спорот, во присуство на трета неутрална страна-медијатор, при тоа декларирајќи ја ненасилноста во комуникацијата, толеранцијата и меѓусебното разбирање се доаѓа до решавање на спорот со изнаоѓање на решение кое е предложено и прифатено од двете (сите ) страни во спорот. При тоа сите страни да се чуствуват како победници, што ќе доведе до подобрување на односите, со веќе воспоставената комуникација, за во иднина. Медијацијата ја надополнува судската постапка и може да започне како алтернатива на судската постапка.

Медијаторот е лице кое има завршено обука за медијатор, истиот е доброволно избран од страните во спорот, поседува квалитети и вештини да им ја олесни комуникацијата на страните и да им помогне самите да дојдат до решение, без право тој да предлага или наметнува решенија.Започнување, текот и завршувањето на медијацијата се одвива во фази кои се надоврзуваат една на друга, при тоа медијаторот обезбедува примена на следниве принципи на медијација:

1. Доверливост;
2. Рамноправност;
3. Непристрасност;
4. Неутралност;
5. Транспарентност;
6. Правичност;
7. Ефикасност  и
8. Ефективност.

Страните кои се во спор, доколку предходно ги исцрпиле можностите сами да изнајдат решение, можат по предлог на едната, другата или двете страни, се сложат нивниот спор да се реши по пат на медијација.Доколку во првостепена судската постапка за одредени видови на спрови, судијата утврди дека спорот е погоден да се реши по пат на медијација, на страните може да им ја препорача таа опција. Страните откако доброволно ќе одлучат нивниот спор да се решава по пат на едијација, можат да одберат медијатор од Именикот на медијатори. Доколку не можат да се согласат за изборот на медијатор, тогаш судијата тоа го прави во нивно име.

Процесот на медијација може да почне од денот кога страните во спорот во писмена форма се согласиле дека ќе учествуваат во медијацијата, а потоа лично, односно Судот ќе го извести медијаторот дека е избран за медијатор во дадениот спор.Медијаторот иницира средби со страните во спорот, кои на почетокот вообичаено се одделно со секоја страна, а потоа истите ги закажува во согласност со одлуката на двете страни.

Притоа се договара времето, местото на заедничка средба, на која медијаторот ги добива првичните информации за позициите на страните на спорот, како и за нивното видување на спорот. При првиот директен контакт со страните, медијаторот треба да утврди дали страните се согласни да пристапат на медијација и дали имаат желба да се реши спорот.

Двете страни ги изнесуваат своите видувања за спорот, а при излагањето медијаторот треба да обезбеди еднаква и рамноправна комуникација , како и да ги поттикне на активно слушање. Личниот пристап на медијаторот ја детерминира целата атмосфера во  која ќе се одвива медијацијата. Затоа медијаторот треба да биде пред се:

– трпелив;
– добар слушател;
– да знае да поставува соодветни прашања;
– да поседува комуникациски вештини- вербални и невербални, односно  да испраќа сигнали со телото (како климање со глава, соодветен изразна лицето, рацете да не се прекрстени, со телото наведна нанапред);
– да ги повторува-парафразира клучните изјави на страните  како и
– да го сумира изјавеното.

За конструктивна атмосфера во која ќе се анализира спорот, се идентификуваат прашањата за кои страните имаат заедничките став, како и прашањата кои се спорни,со цел да се дојде до одредени заеднички ставови кои понатаму можеби ќе евалуираат во решенија. За да се избегнат нови конфликтни ситуации во комуникацијата и нивна ескалција, медијаторот треба да има способност да започне:

– разговор на одредена тема;
– да го поттикнува разговорот меѓу судрените страни;
– да ја контролира динамиката на комуникацијата;
– да помогне страните подоброо да се разберат  и
– да создаде атмосфера за преговарање, изнаоѓање на решенија и надминување на спорот.

Медијаторот мора да поседува вештина за активно слушање а тоа ќе го покаже (презентира) со неговото држење, така што со своето тело треба да биде свртен кон другата личност, наведнат нанапоред, рацете и нозете да не бидат прекрстени, да го гледа соговорникот во очи. Активното слушање е значајно во процесот на медијација, особено во процесот на истражување и преговарање затоа што со него се доаѓа до информации кои можат да бидат од круцијално значење за решавање на спорот. Со активното слушање може на страните во спорот да им се помогне да го идентификуваат проблемот. Преку активно слушање им се потврдува на страните, дека тие се поденакво важни за медијаторот како и нивните проблеми, со цел тие да стекнат доверба во медијаторот, а тоа овозможува тие отворено да ги изнесат своите спорни моменти за спорот.

Може да се каже дека медијаторот активно слуша, кога се исполнети следните услови: кога манифестира смиреност во процесот на медијација; да гисослуша страните до крајот на нивното излагање, при тоа да не се манифестираат неговите лични емоции. Во текот на истражувањето медијаторот не треба да остане на почетните позиции на страните, да го прифати она што страните го кажуваат без да истражи што стои во сржта на спорот, потребно е да се движи од нивните позиции кон идентификување на нивните интересите. Споровите настануват кога интересите на страните се спротивставени, но спорот може да се прошири, да се продлабочи, да доведе до насилна и непријателска комуникација, воведување и на други страни во истиот, така што сето тоа ќе доведе до прикривање на вистинската причина поради која настанал спорот. Во една таква ситуација како што е спорот, страните кои се полни со негативни емоции, со недоверба едн кон друг, ги прикриват вистинските нивни потреби.

Медијаторот треба да направи анализа на спорот за да ги открие позициите кои ги заземаат страните, интересите и нивните вистински потреби. Со медијацијата се создава атмосфера на доверба, се олеснува комуникацијата, се отсрануваат различните перцепции и се идентификуваат заедничките потреби, односно се„копа” до сржта на потребите.

 

mediation-arbitration-agreement-settlementПреговори

Страните во процесот на преговарањето мора да исполнат одредени условии да бидат запознати со некои правила, кои ќе придонесат за конструктивно решавање на спорот, и тоа:

  • да бидат искрени во намерата да се надмине спорот;
  • да бидат при комуникацијата отворени, да го слушаат соговорникот;
  • да ги уважуваат потребите на соговорникот;
  • да бидат спремни да го идентификуваат и дефинираат изворот на
  • конфликтот;
  •  јасно да кажат зошто им е важно да се надмине конфликтот;
  •  да не се бара кој е крив;
  • да се држат до темата;
  • да не навлегуваат во конфликти од минатото и да не се повикуваат на искуства од минатото;
  • да покажат желба за прифаќање на промени, еластичност, одлучност и стрпливост.

Преговарањето содржи три актери: медијатор, двете страни во спорот преговарачи, но може да има и повеќе страни вклучени во еден спор.Медијаторот мора постојано да ги контролира и насочува страните во текот на процесот на преговарањето, во кој тие ги изнесуваат своите ставови, потреби и интереси, со цел да дојдат до решение. Крајниот производ од преговарањето, може да резултира во постигнување на решение, кое ќе биде прифатливо за сите или да не се постигне решавање на спорниот однос.

При процесот на преговарање потребно е :

  • страните јасно да ги искажат своите потреби (потребна вештина асертивност);
  • да се слуша другиот и да се разбере какви се неговите потреби(вештина активно слушање, парафразирање, техника на поставување прашања, јас говор);
  • да се идентификуваат точките во кои страните се согласуваат;
  • точките во кои постои разлика помеѓу страните, да им се презентираат на страните како и тие би станале свесни за тоа;
  • страните да даваат решенија, треба да се понудат што повеќе решенија(браинсторм) кои во оваа фаза не се вреднуваат.

Треба да им се напомене на страните, дека во оваа фаза целта е да се понудат што повеќе опции за решавање на спорот, но двете страни треба да прифатат една која подеднакво ќе ги задоволи нивните потреби и интереси.При преговарањето потребно е да се користи „ЈАС” говор, кој води кон  разбирање и поврзивање, додека „Ти” пораките водат кон недоразбирања и  судири. Преку оваа техника секогаш се зборува за себе, во свое име, но тоа што се кажува се однесува на соговорникот, при тоа се изразуваат своите чувства, потреби и интереси, но без да се обвинува или критикуваме другиот.

Со ,,Јас,, говорот секогаш го изразуваме своето сваќање на нешто што другата страна го кажала или направила, но при тоа таа да не го свати тоа како напад врз неа. Јас говорот се употребува кога кај соговорникот се забележува (перцепира) нешто во неговото однесување што на другата страна и смета (пример на „Јас” е „Јас гледам дека” ); следната ситуација е кога нешто чуствуваме во врска со однесувањето на другиот ( пример „Јас сега се чуствувам…”); кога треба да се изразат потреби или желби (пример „Јас имам потреба…”) и во ситуација кога се сака да се изрази барање ( „јас сакам…”).

При преговарањето медијаторот мора да е активен, да го поттикнува размислувањето кај страните,  да иницира дискусија и внесување на нови идеи, да се интересира за различните можности или опции на решавање на спорот. При тоа треба да се служи со правилно поставени прашања, кои на страните ќе  им помогнат да размислат дали се исправни нивните ставови, дали ја  разбираат суштината на проблемот и дали нивните очекувања се реални, односно дали предложената опција е реално остварлива.

Медијаторот преговорите може да ги пренасочи кон конструктивни теми, и тоа преку:

  • нормализирање на застојот во преговорите, односно да ја олесни и подобри комуникацијата;
  • избегнување на конфликти;
  • преформулирање на речениците кои се погрешно разбрани;
  • парафразирање на она што до тогаш е кажано, со цел да ја намали напнатоста во текот на проговорите и
  • воспоставување на патишта кон подобро разбирање.

Исходи на преговарањето:

1. Победа-пораз:
Натпреварување-пристап кој го користат страните, кои спорот го сваќаат како борба да се победи, да се добие предност во однос на другата страна. Ваквите преговарачи сметаат дека тие се секогаш во право, сите останати информации се ирелевантни, нестрпливи се во дијалогот, а нивниот пристап е „ На мој или на ничиј начин”. Ваквиот пристап го  арактеризира настојувањето да се постигнат целите, отколку да се здржат и подобрат релациите меѓу страните.

2. Пораз-пораз:
Повлекување на двете страни кои го избегнуваат спорот, тие се откажуваат од своите цели кои сакале да ги постигнат, го одложуваат решавањето на спорот, при тоа тврдејќи дека спор не постои. Со вакво преговарање само привидно се одложува спорот, но секогаш постои опасност тој да ескалира.

3.Победа-пораз:
Компромис-е преговарање во кое преку барање на отстапки двете страни постигаат компромис со тоа што се откажуваат од нешто, односно доаѓа до поделба на интересите, при што делумно се задоволуваат интересите на двете страни.
4. Победа- победа:
Соработка која доведува до решение кое е последица на истражување,  идентификување на разликите помѓу страните, создавање на алтернативи и  опции, како и изнаоѓање на решениие кое подеднакво ги задоволува потребите
на двете страни.

Завршување на постапка за медијација

Постапката на медијација може да заврши успешно, кога страните одбираат решение со кое двете страни ќе се чуствуваат како победници. Треба да се провери дали двете страни го прифаќаат решението, дали сметаат дека со тоа решение ќе се реши конфликтот. Кога ќе го изберат она решение за кое сметаат дека е најдобро, ќе се согласат дека со него подеднакво се задоволуваат нивните потреби и интереси на двете страни, потребно е избраното решение да се потврди со пишана взаемна спогодба. Спогодбата ја  пишуваат страните во спорот или медијаторот, по нивно барање.

Постапката на медијација може да заврши и неуспшно, во следните случаи кога:

  • медијаторот ќе констатира дека натамошни обиди за медијација не се оправдани и со писмена изјава на медијаторот ќе ја прекине постапката  од денот на поднесување на изјавата;
  • страните во било која фаза на постапката ќе одлучат да истата сепрекине, без да ги наведат причините. Страните ја прекинуваат  постапката на медијација со писмена изјава, од денот кога ја поднесуваат до медијаторот или до медијаторот и до другата страна;
  • Ќе помине рокот во кој треба да заврши постапката на медијацијасогласно законот;
  • Судот со решение ќа ја укине постигнатат спогодба кај медијаторот, доколку смета дека постигнатата спогодба е незаконска и неподобна заизвршување.
Извор: http://kmrm.mk

Партнери на Правдико