Правдико

   

Швајцарец осуден за негирање на геноцидот во Сребреница

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд во Белинзона, Швајцарија, го прогласи Донател Поџи за виновен за расна дискриминација бидејќи уредувал и објавил два текста во 2012 година, во кои  го негирал геноцидот во Сребреница.

Поџи беше осуден откако судот утврди дека постои очигледна негаторска реторика што оди надвор од опсегот на слободата на говорот.

Според судот, нема оправдување за ставовите на авторот кои се пристрасни и во прилог само на српските жртви.Поџи доби парична и две години условна казна.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико