Правдико

   

Швајцарија: Петиција за референдум за породилно за татковци

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе од 100.000 жители на Швајцарија ја потпишале петицијата за одржување референдум на кој ќе се гласа за платено едномесечно породилно отсуство за татковците, соопшти Владата.

Швајцарската Влада наведе дека иницијаторите на петицијата, која беше покрената минатиот месец, го собрале неопходниот број потписи за по ова прашање граѓаните да можат да се изјаснат на референдум.

Граѓаните често за важни политички одлуки гласаат на референдум, во рамките на швајцарската форма на директна демократија, пренесува агенцијата АП.

Швајцарскиот парламент сега треба да го одреди датумот кога ќе биде одржан референдумот. н.ц.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико