Правдико

   

Случајот за нападите на Бостонскиот маратон сеуште без порота

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијата во случајот за изрекување на смртна казна во судењето на осомничениот за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013, Џохар Царнаев, изјави дека не е обесхрабрен од бавното темпо на селекцијата на поротници.

539w

Судијата Џорџ О’Тули Џуниор потврди во понеделникот дека изборот на поротата се движи побавно од очекуваното, но рече: “Ние имаме добар напредок.”

О’Тули првично изјави дека се надева на испрашување на околу 40 луѓе на ден. Но, во текот на првите шест дена, вкупно 81 лица беа испрашани.

Тој рече дека нема да бидат повикани поротници денеска (вторник) поради претстојната снежна бура во која се очекува да падне и до 1 метар снег во регионот.

21-годишниот Царнаев се изјасни дека не е виновен за злосторствата за кои е обвинет.

Три лица загинаа, а повеќе од 260 се повредени во бомбашки напад во 2013.

Партнери на Правдико