Правдико

   

Советот на ЕУ побара од ОН продолжување на мисијата „Алтеа“ во БиХ

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на Европската унија донеска одлучи да побара од Обединетите нации продолжување на мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Брисел.

Советот, со кој претседава високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, исто така ја повтори својата недвосмислена определба за перспективата на ЕУ за Босна и Херцеговина како единствена, обединета и суверена земја.

– Советот жали што реториката на поделби која беше вкоренета во минатото и предвремената изборна кампања во текот на последните месеци го забавија темпото на реформите и влијаеја на политичката клима во земјата, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата.

Советот на ЕУ, исто така, го поздрави континуираното присуство на мисијата „Алтеа“ во БиХ, која има задача да обезбедува помош за властите на Босна и Херцеговина, ако ситуацијата така налага, а се фокусира и на градење капацитети и обука.

Во овој контекст, како дел од целокупната стратегија на ЕУ за Босна и Херцеговина, Советот ја потврди подготвеноста на Унијата да продолжи во оваа фаза на извршната воена улога на операцијата „Алтеа“ за поддршка на властите на БиХ и за одржување на безбедна средина, под обновен мандат на ОН.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико