Правдико

   

Советот за утврдување на факти ќе врши увид во списите на предметите “Таргет-Тврдина“

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комисијата при Советот за утврдување на факти, на 06.09.2017 година, до Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија упати известување дека на ден 13.09.2017 година во 11,00 часот ќе врши увид во списите на предметите познати во јавноста како “Таргет-Тврдина“.

Согласно известувањето, Комисијата на ден 13.09.2017 година во 11,00 часот се јави во Врховниот суд на РМ, при што од страна на судската полиција не и беше дозволено да влезе во судот заради остварување на увид во списите на предметите.

На барање на членовите на Комисијата да им се објасни, кој не го дозволува нивниот пристап во судот и извршување на потребното службено дејствие – увид во списте на предметите, судската полиција усно објасни дека Претседателот на Врховниот суд на РМ, им наредил да не ја пуштаат Комисијата во судот. Потоа Претседателот на Врховниот суд на РМ по телефон го повика Претседателот на Комисијата и му предочи дека претходно упатил писмо до Советот за факти во кое го известил дека не дозволува да се врши увид во бараните списи, се додека на судот не му биде доставен основот поради кој Комисијата го бара увидот, а потоа тој ќе оценел дали ќе дозволи увид, ќе определел термин и простор каде да биде извршено таквото дејствие, со закана дека со ваквиот начин на комуницирање ќе сносиме последици. После телефонскиот разговор помеѓу Претседателот на Комисијата и Претседателот на Врховниот суд, Претседателот на Комисијата и членовите ја напуштија зградата на Врховниот суд и одлучија да ја известат јавноста дека биле спречени да извршат службено дејствие предвидено со закон.

Погоре опишаниот начин на однесување на Претседателот на Врховниот суд, претставува спречување во вршењето на овластувањата што ги има Комисијата, согласно член 42 од Законот за Советот за утврдување на факти, каде е наведено дека податоците и доказите кои се од интерес за утврдување на факти во врска со утврдување одговорност на судија ги прибира Комисијата, а државен орган, единица на локална самоуправа или физичко лице или правно лице кај кого се наоѓаат тие докази, должни се без надомест да ги достават до Советот.

Во конкретниот случај со неовозможување на увид во списите заради прибавување на податоци и докази кои се од интерес за утврдување на фактите во врска со утврдување на одговорност на судиите кои постапувале по горенаведениот предмет, направена е повреда од страна на Претседателот на Врховниот суд, за што овој Совет ќе поведе и кривична постапка за негова +одговорност пред надлежниот јавен обвинтиел.

НАПОМЕНА: Јавноста треба да биде известена дека ова не е прв пат Претседателот на Врховниот суд и судиите во Врховниот суд секогаш во минатото кога беа повикувани од страна на Советот за утврдување на факти, да дадат изјава или да им се овозможи пристап до информации кои ги има Врховниот суд на РМ по конкретни предмети, беа вршени опструкции од нивна страна на начин што не постапуваа – одговараа на барањата на Советот за утврдување на факти или не се одзиваа на поканите да присуствуваат на распит и слично. И денешното однесување на Претседателот на Врховниот суд на РМ претставува повторување на нивното претходно однесување (и понатаму тече опструкцијата).

Партнери на Правдико