Правдико

   

Специјалната обвинителка ќе ја достави документацијата за тимот на специјалното обвинителство

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева денеска треба да ги достави документите кои ги побара Советот на јавни обвинители за да ги избере нејзините помошници.

JANEVA1-648x4001

Станува збор за општиот работен, персонален и финансов план, соопштија од канцеларијата на Јанева.

Воедно е изразено уверување дека Советот ќе пристапи кон доследна примена на законските одредби и кон имплементација на доставените планови, а во смисла на член 9 став 2 од законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ќе ги избере кандидатите кои специјалниот Јавен обвинител ги предложил од редот на постојните обвинители, се наведува во соопштението.

Кандидатите во најголем дел се од Куманово, Тетово и Скопје, а еден е од обвинителството за организиран криминал.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико