Правдико

   

Србија достави барање до Франција за екстрадиција на Харадинај

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ramush_Haradinaj_367804233Министерството за правда на Србија денеска им испратило на правосудните органи во Франција барање за екстрадиција на некогашниот лидер на Ослободителната војска на Косово и претседател на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кого Белград го товари за воени злосторства за време на вооружените судири во 1998 и 1999 година, јавуваат српските медиуми.

Со барањето за испорака испратена е и документација преведена на француски јазик, врз основа на која француското правосудство ќе одлучува за тоа дали се исполнети условите за екстрадиција на Харадинај во Србија.

Рамуш Храдинај е уапсен минатата среда по налог на Србија од 2004 година, поради сомневање дека во текот на 1998 и 1999 година извршил воени злосторства врз Срби и врз лица од други етникуми.

Судот во Франција одлучи да го задржи Харадинај во затвор додека го добие барањето од Белград за испорака.

Харадинај во 2015 година беше уапсен на аеродромот во Љубљана, но по неколку дена беше ослободен.

Тој беше суден во Хашкиот трибунал за воени злосторства и во 2012 година беше ослободен од сите обвиненија.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико