Правдико

   

Србија го презеде претседавањето со Форумот за безбедност на ОБСЕ

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Белград вчера го презеде претседателството со Форумот за безбедност на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека официјален Белград ќе вложи напори да се стави фокусот на оваа организација на политичката и воена безбедност преку разговори и консултации за безбедноста и стабилноста во регионот, пишува денеска белградскиот весник „Политика“.

Дачиќ ги наброи бројните предизвици со кои се соочува регионот – растечка радикализација и тероризам, движења на мигранти и бегалци, злоупотреба на информатичко-комуникациските технологии, шверц на луѓе, дрога и оружје, истакнувајќи дека сите тие ја загрозуваат целокупната безбедносна ситуација во Европа.

– Додека ОБСЕ продолжува да бара како на најдобар начин да одговори на овие предизвици, јасно е дека со нив успешно може да се справиме само преку заеднички напори на земјите учеснички – изјави српскиот министер за надворешни работи.

Србија ќе претседава со Форумот до крајот на годинава.

Извор:Нова Македонија

Партнери на Правдико