Правдико

   

Србија: Криминалец разнесен во експлозија на автомобил

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Слободан Трниниќ (50) од местото Прњавор кај Шабац, Србија, утрово загинал во експлозија на бомба која била подметната под неговиот автомобил.

Експлозијата одекнала во 8:30 часот, на магистралниот пат Шабац-Лозница, во близина на семејниот дом и кафеаната чиј сопственик бил Трниниќ.

Во експлозијата автомобилот бил целосно уништен, а делови од него летале и до 40 метри.

На местото на експлозијата веднаш пристигнала екипа на Итна медицинска помош, Трниниќ давал знаци на живот, но починал на патот кон болницата во Шабац.

Според српските медиуми, Трниниќ ѝ бил познат на полицијата бидејќи имал „дебело“ криминално досие.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико