Правдико

   

Ставридис: Македонија е следна држава што ќе влезе во НАТО

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонија е следна држава која што ќе влезе во НАТО, изјави поранешниот командант на Алијансата, Џејмс Ставридис, според кого тоа би бил и следен чекор кон обединување и јакнење на Балканот.

– Се надевам дека Грција ќе биде во состојба со Македонија да го реши спорот околу името, што ќе ја отвори вратата Македонија да стане дел од НАТО. Сметам дека Македонија ќе се приклучи кон Алијансата – рече Ставридис за Гласот на Америка.

И американскиот потпретседател Мајк Пенс, во името на претседателот Доналд Трамп, претходно овој месец во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја повторил поддршката за евроатлантските интеграции на Македонија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико