Правдико

   

Студија на ФИНКИ: Неактивно здравствено осигурување

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оваа студија е изработена со цел да се избегне стресот и нервозите на студентите и нивно „трчање“ по администрациските шалтер за работа што веќе три години не е нивна должност.

Во проектот со наслов „Неактивно здравствено осигурување на студентите“ се активирани тројца членови, редовни студенти во втора година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на смер Компјутерски науки и инженерство.

Наодите од оваа интересна студијата ви ги пренесуваме во целост, воедно и да се запознаеме со проблемите со кои студентите се соочуваат:

„Еве веќе неколку месеци, голем дел од студентите на ФИНКИ, сеуште немаат здравстено осигурување, иако 41-на високообразовна институција вкучувајќи го и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, имаат направено проект со ФЗОМ „Е-потврди за редовни студенти“ со што треба да има огромно административно олеснување за околу 72000 редовни студенти на возраст од 18-26 години.

Првично го откривме проблемот кога покрај тоа што имавме редовно запишан семестар на факултет, неколку од нашите колеги кои имаа закажано на „Мој термин“, беа приморани да платат на приватно, иако требаше да им биде активно здравственото осигурување.

Целата оваа иницијатива ја преточивме во проект, преку кој анкетиравме неколку стотици студенти, од кои повеќето беа на ФИНКИ и дојдовме до заклучок дека голем дел од нив не беа запознаени со проблемот, и мораа самите да си го активираат здравственото осигурување за да не платат на приватно и покрај тоа што не е нивна обврска. “

Партнери на Правдико