Правдико

   

Судењето за „Труст“ продолжува на 21 ноември

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за предметот „Труст“ на СЈО, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеат Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ, ќе продолжи на 21 ноември со изведување докази.

На денешното рочиште СЈО го изложи обвинението и побара од судот врз основа на приложените докази обвинетите да бидат прогласени за виновни.

Сеат Кочан, пак, се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство, а вина пред судот негираа и второобвинетиот Василије Авировиќ и третообвинетиот Сафет Ватиќ.

Обвинителот Гаврил Бубевски, образложи дека дека обвинетите Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман.

Според доказите што ќе ги презентира СЈО, наваде Бубевски, ќе се докаже дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција и се изиграни правилата на јавните набавки.

– Пред лицето на правдата денеска стои едно криминално здружение кому единствен и главен сврзувачки елемент му е незаконскиот профит, рече Бубевски.

Одбраната на обвинетите смета дека тие се неосновано обвинети, дека доказите и вештачењето приложени од СЈО се нерелевантни и оти околу овој случај се крева „медиумска фама“.

Адвокатот Митко Јанчев по судењето рече дека неговиот клиент Сафет Ватиќ неоправдано е обвинет и оти се надева дека во текот на постапката тоа ќе излезе на виделина.

Прашан дали тоа значи дека, останатите обвинети можеби го измамиле Ватиќ, Јанчев кажа дека тоа е работа што треба да ја утврди СЈО, а пред се судот.

На почетокот на денешното рочиште, одбраната на обвинетите побара повторно одложување бидејќи не им биле дадени сите докази на увид. Специјалното јавно обвинителство во судницата и ги предаде на одбраната доказите за случајот „Труст“, по што судијката Лидија Трајковска Зимбовска не дозволи одложување на судењето и ја почна главната расправа.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико