Правдико

   

Судски совет ги разгледуваше приговорите зад затворени врати

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет денеска одржа седница за разгледување и одлучување по поднесените барања за повторно оценување на работата на судиите – кандидати за претседатели, но зад затворени врати.

Експретседателката и кандидат за претседател на Врховниот суд, Лидија Неделкова побара јавноста да присуствува на разгледувањето на приговорите од кандидатите за претседатели на судовите на денешната седница во Судскиот Совет, тоа не беше дозволено.

Но, претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски рече дека барањето е неосновано. Тој истакна дека секој кандидат кому не се допаѓа оценката може да поднесе претставка до советот.

Инаку, Неделкова од 2009 е претседателка на Кривичниот суд Скопје 1, со кој раководела 3 години, а во 2012 година е избрана за судија во Врховниот суд на Македонија.

На дневен ред на седницата се најде и разгледување на одлука за објавување оглас за избор на претседател на Основниот суд Гевгелија.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико