Правдико

Правдико Информатор

Маркетинг

ad

Зошто да се рекламирате на ПРАВДИКО?

Порталот ПРАВДИКО.мк како водечки информатор за правни информации е одлично место да ја промовирате вашата компанија. Единствената таргетирана група на посетители, ви гарантира успешни маркетинг кампањи со над 500 000 импресии на месечно ниво.

Нудиме 2 типа на рекламирање

– Фиксен закуп на рекламен простор ( минимално времетреање 1 недела)

– Рекламирање врз база на импресии (минимален дневен закуп 2000 импресии)

Како други форми на рекламирање кои можат да се вклучат:

– Брендирање ( слика која ќе биде искористена како позадина низ целиот веб сајт)

– Комерцијален текст ( Посебна статија каде содржината  ке биде вашата реклама )

– Newsletter (Праќање на вашата реклама преку e-mail  на регистрирани корисници на нашиот сајт)

ПОПУСТ

– За склучен договор на 3 месеци попуст од 15%
– За склучен договор на 6 месеци попуст од 20%
– За склучен договор на 12 месеци попуст од 30%
– За прво рекламирање следува промотивен период од една недела бесплатно.

Доколку сте заинтересирани за соработка контактирајте не на  contact@pravdiko.mk, и ќе ви ја доставиме целата понуда за подобро да се запознаете со рекламниот простор и цената на истиот.

Со почит,

Тимот на Правдико.мк

Адвокат Михаил Папазоглу (1867-1958)

7Адвокатот Михаил Папазоглу, е роден во Битола во 1867г. По завршувањето на Битолската Гимназија, Папазоглу се определил за право и дипломирал на Правниот факултет на Сорбона, Париз, Франција. По завршувањето на факултетот во Сорбона, го продолжил своето стручно усовршување, завршувајќи специјалистички студии по право во Њујорк, САД. Прочитај повеќе…

Победници на натпреварот на студентски есеи – април 2014

Вториот  натпревар на студентски есеи организиран од страна на слободната асоцијација “Тројка” составена од Институтот за истражување и европски студии – Битола, порталот за право ПРАВДИКО и организацијата “Students for Liberty” – Macedonia, после разгледувањето на сите есеи кои ги добивме во нашата редакција, и нивно поединечно оценување се одлучи: Прочитај повеќе…

Победници на натпреварот на студентски есеи – јануари 2014

Првиот натпревар на студентски есеи организиран од страна на слободната асоцијација “Тројка” составена од Институтот за истражување и европски студии – Битола, порталот за право ПРАВДИКО и организацијата “Students for Liberty” – Macedonia, помина во најдобар ред.

Темите опфатени во овој натпревар беа следните: Прочитај повеќе…

Адвокат Јован Алтипармаков (1891 – 1953)

10По Втората светска војна на територијата на слободна Македонија, во адвокатскиот именик од 1945 и 1946 година биле запишани вкупно 38 адвокати. Некои од тогаш запишаните продолжиле да ја вршат адвокатската дејност која претходно ја започнале. Овие адвокати биле први во тогаш формираната држава и имаат историски придонес во афирмацијата на адвокатурата и правосудниот систем воопшто. Еден од нив е и адв. Јован Алтипармаков. Овој адвокат во својата животна и професионална кариера уживал огромен авторитет и бил еден од најзначајните општествено ангажирани личности на овие простори. Прочитај повеќе…

НАЈАВА: Нова рубрика ,,Адвокатски великани”

Lawer with BooksПравдико воведува нова рубрика посветена на адвокатурата како еден од основните столбови на правосудниот систем.  Во оваа рубрика ќе се објавуваат биографии и содржини посветени на значајни адвокати од нашето минато кои оставиле длабоки траги во своето дејствување и  ангажман. Основен извор на таквите сознанија ќе ни биде книгата „Адвокатурата и адвокатите во Битола“ од авторите Сотир Главинче и Никола Главинче, во која се откриваат интересни податоци за голем број на адвокатски великани.

Во истовреме, Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право. Прочитај повеќе…

Човековите права во здравствената заштита

slikaИако постојат голем број публикации за принципите на човековите права, многу малку од нив се однесуваат на примената на принципите на човековите права во постојните здравствени системи. Во тој контекст, овој прирачник ја пополнува празнината која се чувствуваше долго време. Иако поединечните состојби кои детално се опишани се од повеќе држави во Југоисточна Европа и од Азија, овој прирачник е корисен и надвор од тој контекст, во меѓународни рамки. Прочитај повеќе…

Прирачник(от) за извонредно интервју за работа

screenshot_88Еден генерален проблем кој постои кај најголем дел од кандидатите за вработување е недостигот на соодветен пристап спрема интервјуто за работа па и спрема самата потрага по работа воопшто.
Недостигот на пристап значи недостиг на стратегија, а недостигот на стратегија значи дека Вие како кандидат не сте сериозен во вашата потрага по работа и покрај муабетите кои им ги продавате на соседите и пријателите околу тоа колку Ви е потребно да најдете вработување…. Прочитај повеќе…

Прирачник за примена на мерката притвор

pritvor (1)Овај прирачник претставува техничко помагало за судии,јавни обвинители и адвокати и нивните стручни соработници кои   учествуваат во кривичната постапка. Неговата цел е да ја елаборира клучната улога на мерката притвор во кривичната постапка и да даде насоки за нејзина успешна примена  во согласност со домашните и меѓународните правни стандарди и почитувањето на човековите права. Исто така со овај прирачник ќе ви стане појасно што претставува мерката притвор како и појаснување на улогата на јавниот обвинител, адвокатот и истражниот судија во оваа постапка. Прочитај повеќе…

Водич за правата на потрошувачите

shopping-1Дали сте доволно информирани за своите потрошувачки права?  Со овај прирачник ќе се запознаете кои се вашите основни права при купување на производи, при користење на услуги од туристичка агенција, и што треба да знаете пред купување на некој производ.. Прочитај повеќе…

Партнери на Правдико