Правдико

   

Тесните врски помеѓу парите и политиката

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

tesnite_vrski_pomegju_parite_i_politikataВрската помеѓу парите и политиката е неизбежна, очекувана, повторлива, универзална и сосема веројатно нераскинлива. Сето ова е разбирливо имајќи предвид дека политичките партии имаат потреба од пари за да развијат програми, да учествуваат во политички натпревар, да победат на избори и да практикуваат власт. Меѓутоа оваа меѓузависност носи сериозни ризици да прераресне во опасна врска токму кога партијата ја има власта. Противуслугите во форма на посебен третман се вид на корупција што најчесто ги разјадува демократиите низ светот.

Политичките партии се столбови на современите демократии. Тие се клучни за генерирањето активни политички актери и создавање политики кои преку избори и легитимно владеење прераснуваат во политички решенија. Оттука, како креатори на политичкиот живот во едно општество, политичките партии потенцијално се носители не само на моќ, туку и на одговорност за негување на демократските принципи. Токму и затоа начинот и контролата на нивното финансирање е важно за создавање и одржување стабилен и легитимен политички систем.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико