Правдико

   

Трамп две децении не плаќал данок?

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп во 1995 година пријавил загуби на своите компании од дури 916 милиони долари. Тоа му овозможило легално да избегне плаќање данок во текот на наредните две децении, пишува „Њујорк тајмс“.

03102016105459_web_4500

Прашањето за даночното плаќање на Трамп, според АФП, е важно бидејќи американскиот бизнисмен одби да го објави даночниот извештај, што американските претседателски кандидати обично го прават во текот на изборната кампања поради транспарентност. Весникот наведува дека од анонимно лице ги добило првите неколку страници од даночниот извештај на Трамп за 1995 година, за подрачјето на Њујорк, Њу Џерси и на Конектикат, а кои покажуваат дека таа година забележал нето-загуби во висина од 916 милиони долари. Иако и од претходно е познато дека Трамп кон почетокот на 1990-тите имал загуби, податоците на „Њујорк тајмс“ покажуваат дека загубите биле толку големи што потенцијално му овозможиле со години да не плаќа данок, а можеби и до крајот на минатата деценија.

– Загубата од 916 милиони долари од 1995 година, би била доволно голема да го намали оданочливиот приход во текот на наредните 18 години за над 50 милиони долари годишно – пишува весникот.
Изборниот штаб на Трамп објави соопштение во кој остро го критикува „Њујорк тајмс“ поради објавувањето на даночните податоци и го обвини весникот дека работи во корист на демократската ривалка Хилари Клинтон.

Од друга страна, Роби Мук, менаџерот на кампањата на Клинтон, ја искористи статијата на „Њујорк тајмс“ за да го критикува Трамп затоа што досега не ги објавил даночните извештаи.

– Трамп изгледа со децении избегнувал плаќање данок, додека десетици милиони работници ги плаќале своите даноци. Трамп вели дека тоа е паметно. Сега кога работите излегоа на виделина, зошто тој не ги објави своите даночни извештаи и да ни покаже колку навистина е паметен – порача Мук.

Сите претседателски кандидати на двете најголеми партии – Демократската и Републиканската – од 1976 година ги објавуваа своите даночни извештаи, а Клинтон годинава ги објави извештаите за изминатите 40 години. Трамп прво најави дека во текот на предизборната кампања ќе го објави извештајот, а потоа се премисли, наведувајќи ја како причина повеќегодишната даночна ревизија што ја спроведува американската даночна управа, како и фактот дека адвокатите го советувале да не ги објавува даночните податоци додека трае ревизијата.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико