Правдико

   

Трамп ѝ воведува рестрикции на Куба?

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Доналд Трамп можеби делумно ќе спречи спроведување на уште една од иницијативите на неговиот претходник – Барак Обама, а која се однесува на односите на зближување на САД и Куба по повеќе од половина век тензија. Тој има намера да ја поништи одлуката од 2014 година за одмрзнување на односите со Куба.

Според владини претставници, за време на говорот на Флорида Трамп би требало да најави забрана за сите трговски зделки на американски бизнисмени со кубански фирми контролирани од армијата на Куба, а на сила ќе стапат и построги ограничувања на туристичките посети на граѓани на САД во Куба.

Сепак, забраната нема да се однесува на повторното воспоставување дипломатски односи што беше направено од Обама ниту на комерцијалните летови или крстарења.
Трамп со ова сака да ги задоволи своите гласачи од Флорида, кои се анти-кастристи.

Тешко е отсега да се каже какво ќе биде влијанието на оваа забрана на економски план. Во првите месеци на 2017 година 300.000 Американци патувале на Куба, а во 2016 година посетите на Американците биле зголемени за 74 отсто во споредба со 2015 година.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико