Правдико

   

Tркалезна маса на тема „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира дводневна тркалезна маса на тема „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“ што ќе се одржи на 6-7 јули 2017 година во Скопје (точната локација на одржувањето на настанот дополнително ќе биде утврдена).

Тркалезната маса е наменета за судии од кривичните оддели, адвокати и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на тркалезната маса ќе бидат д-р Тодор Витларов, виш јавен обвинител на ВЈО Штип, д-р Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Хрватска и претседател на Групата држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа и д-р Лаура Валковиќ, адвокат од Загреб и национален експерт.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Партнери на Правдико