Правдико

   

Тројца Британци обвинети за неонацистички тероризам

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тројца Британци, меѓу кои и двајца припадници на британската армија, се обвинети за заговор за неонацистички тероризам и за членство во забранетата неонацистичка група Национална акција.

Обвинетите Александар Дикин (22), Мика Вахвилаинен (32) и Марк Барет (24) се дел од групата од петмина уапсени во полициската операција против екстремно десничарската организација спроведена на 5 септември со помош и подршка на разузнавачките агенции.

Двајца од тогаш уапсените, се ослободени, без против нив да биде покренато обвинување.

Првообвинетиот Дикин се товари за поседување документи, кои според обвинителството, може да се искористат за подготвување терористички напади, потоа за дистрибуција на терористички публикации, како и за потикнување расна омраза.

Вахвилаинен е обвинет за истите кривични дела како и Дикин, но и за насилнички изјави врз расна омраза. Тој е обвинет и за поседување ладно оружје.

Третообвинетиот Барет беше припадник на британската армија, стациониран во воената база „Декелија“ на Кипар. Таму беше уапсен и потоа префрлен во Велика Британија, каде му беше одреден притвор.

Извор:Нова Македонија

Партнери на Правдико