Правдико

   

Тројца гостиварци фатени со марихуана, едниот се обидел да им побегне на полицајците

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на вчерашниот ден околу 22.15 часот, полицајци од Гостивар, на улицата „Никола Тесла“ запреле патничко возило „Бе-ем-ве“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С. (22). Во возилото како сопатници се наоѓале и А.Д (21) и А.С. (23), сите од Гостивар.

При преглед на возилото, зад совозачкото седиште била пронајдена наркотична дрога марихуана. При прегледот, А.С. (23) им се спротивставувал на полициските службеници и одбивал да влезе во службеното возило. Тој се обидел да избега и му ја скинал кошулата на еден од полициските службеници, при што му нанел и повреда на левата дланка.

Тројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Гостивар. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени содоветни поднесоци.

Партнери на Правдико