Правдико

   

„Труст“ одложен за 20 февруари, отсутна адвокатка на одбраната

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за случајот „Труст“ што требаше да продолжи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 20 февруари поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите.

Адвокатката Сања Алексиќ, поради болест, била оправдано отсутна од рочиштето.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, осомничени се фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ и нивните управители, за учество на тендер на Електрани на Македонија со лажна документација.

На денешното рочиште требаше да бидат презентирани доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико