Правдико

   

Циклусот обуки за истражување финансиски криминал започна во Идризово

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrФинансиски криминал, перење пари, злоупотреба на ЕУ фондови, финансирање тероризам, се само неколку од темите опфатени со напредната обука за истражување финансиски криминал, која оваа недела се одржа во Центарот за обука во Идризово, во рамки на Проектот за развој на полицијата финансиран од ЕУ. Оваа е прва од серијата основни и напредни обуки за истражување финансиски криминал кои ќе се спроведуваат низ целата територија на земјата од март до септември.

Напредните обуки вклучуваат околу 60 учесници, раководители на организациски единици и истражители од различни сектори во Бирото за јавна безбедност: Секторот за финансиски криминал, Единицата за корупција, Единицата за нелегална трговија со дрога и Единицата за прикриени човечки извори на информации. Покрај врвните меѓународни експерти од Велика Британија, г-дин Сем Ситлингтон и г-дин Дејвид Черчил, во планот за обука беше предвидено неколку тренинг сесии да бидат одржани од претставници на институциите директно поврзани со истражувачкиот процес, од Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство.

Обуката е заснована на практични вежби и студии на случај кои ќе им овозможат на истражителите прецизност во раководењето со случаите, како и да го прошират своето знаење за типологиите на перење пари, финансиско профилирање, идентификација и калкулација на имот за конфискување, и за развој на истражувачки стратегии и превентивни политики.

Еден од модулите на обуката се фокусира на истрагите поврзани со финансирањето на терористички активности, со цел учесниците во обуката да се стекнат со познавања за тоа како доследното истражување на местото на настанот и техниките за финансиски истраги можат да бидат искористени за идентификување на терористите и следење на нивното движење. Преку анализа на практични примери, учесниците во обуката ќе бидат во можност да проценат кога би било корисно во истрагата да се вклучат и форензичките сметководители.

По завршувањето на напредните обуки, обучените полициски службеници ќе ја преземат обврската да ги предводат и спроведат основните обуки за истраги на финансиски криминал. Ќе бидат организирани вкупно 8 основни обуки во Куманово, Тетово, Битола, Струмица, Охрид, Скопје, Штип и Велес, и секоја ќе вклучи од 25 до 30 полициски службеници чија работа и искуство се поврзани со откривање финансиски криминал и водење истраги. До завршувањето на циклусот обуки, над 250 полициски службеници ќе бидат обучени за користење методологии и техники за спорведување истраги на финансиски криминал, во согласност со најдобрите практики во ЕУ

Партнери на Правдико