Правдико

   

Црна Гора мора да исплати милионска отштета на хрватски заробеници

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на Црна Гора во следните десет дена мора да исплати отштета по тужбите на повеќе од 200 Хрвати, кои биле заробени и мачени во логорот Морињ во Бока Которска во 1991 и 1992 година.

Откако пресудите за надомест на штета станаа правосилни, Црна Гора на жртвите од логорот Морињ ќе мора да им исплати околу 1,430,000 евра, јавуваат црногорските медиуми.

Државата ги усвоила речиси сите тужбени побарувања на жртвите, поради што е донесена одлука за исплата. Во воениот центар Морињ на поранешна ЈНА, кој беше претворен во логор, беа затворени околу 250 државјани на Хрватска, по борбите во Дубровник во 1991 година.

Извор:Радио слободна Европа

Партнери на Правдико