Правдико

   

Турска пратеничка е осудена на затворска казна за навреда на Ердоган

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турска пратеничка од прокурдската Демократска партија на народите (ХДП) е осудена на девет месеци затвор за навреда на претседателот, јавија турските медиуми повикувајќи се на извор од судот.

Пресудата за пратеничката Лејла Бирлик била издадена од судот во југоисточниот град Шернак.

Бирлик беше уапсена на 4 ноември 2016 година и беше ослободена четири месеци подоцна. Пред извесно време таа беше обвинета за членство во терористичка група.

Во моментов во затвор се наоѓаат девет пратеници на ХДП кои се обвинети за тероризам. Меѓу уапсените се потпретседателот на партијата Селјахатин Демирташ и поранешната партиска потпретседателка Фиген Јуксекдаг.

Извор: НОВАтв

Партнери на Правдико