Правдико

   

Турција: Се закануваат тешки затворски казни за новинари за објавување на фотографија

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

0,,17621098_303,00Турското обвинителството побара затворски казни во траење од седум години затвор за 18 новинари обвинети за терористичка пропаганда за објавување на фотографии на кои екстремистите држат пиштол на главата на обвинителот убиен во март.

Новинската агенција Анадолија синоќа соопшти дека канцеларијата на обвинителот во Истанбул побара казна затвор за новинари, вклучувајќи го Кан Дундар, главен уредник на опозицискиот весник Чумхуријет (Република), пренесува Бета.

Обвинителниот акт сеуште не е потврден од страна на судот.

На контроверзните слики прикажани се екстремисти на забранетата левичарска група кои држат пиштол на главата обвинител Мехмет Селим Кираза.

За време на нападот, Турција неколку часа, поради овие слики ги блокираше социјални мрежи како Твитер и Јутјуб.

Кираз почина откако подлегна на повредите здобиени кога безбедносните сили ги нападнаа екстремистите.

Партнери на Правдико