Правдико

   

Турција суспендирала 12.800 полицајци

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турските власти суспендирале повеќе од 12.800 полицајци во рамки на истрагата за пучот во земјата, поради нивната наводна поврзаност со поранешниот проповедник Фетулах Ѓулен, соопшти денеска полицијата.

8498246046_439899204b_z

Од 12.801 лице кои се отпуштени од полицијата, 2.523 имаат чин, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на турската полиција.

Анкара воведе тримесечна вонредна состојба по неуспешниот државен удар, извршен на 15 јули. Оттогаш повеќе десетици илјади лица се суспендирани или отпуштени од војската, полицијата, обвинитеството и од образовниот сектор. Околу 32.000 лица се уапсени под сомневање за вмешаност во обидот за пуч.

Анкара го обвини Ѓулен за пучот, но проповедникот, кој живее во егзил во САД, ги отфрла обвиненијата.

Извор: Мета

Партнери на Правдико