Правдико

   

Уапсeни две лица во Лондон, подготвувале терористички напади

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Две лица се уапсени во четвртокот во различни делови на Лондон под сомневање дека подготвувале терористички напади, пренесе во четвртокот ТАСС, повикувајќи се на информации од сајтот на британската полиција.

“Соработниците на антитерористичката полиција денес наутро, на 20 април, приведоа во западен Лондон 20-годишен маж”, се вели во соопштението.

Од “Скотланд Јард” прецизираат дека уапсениот “е осомничен за подготовка на терористички акти”.

Уште едно апсење е извршено во северниот дел на британската престолнина. Приведена е 23-годишна жена. “Таа е приведена во рамките на заедничката истрага со белгиската федерална полиција поврзана за помагање и организирање на патувања кон Сирија, а исто така постојат сомневања дека приведените подготовувале терористички акти”, се вели во пораката.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико