Правдико

   

УЈП: Издавање на декларација и налог за плаќање по МПИН пресметка преку е-пошта или на електронски медиум

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ги потсетуваме обврзниците дека МПИН пресметките за бруто-плата се доставуваат преку електронска пошта celaplata@ujp.gov.mk. По приемот и обработката на пресметките, Управата за јавни приходи издава Декларација и Налог за плаќање кои се доставуваат на електронската пошта на обврзникот, најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата (види и Поднесување на пресметка и исплата на бруто-плата http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/645).

ujp

Во случаите кога обврзникот не ги доставува пресметките на вообичаениот начин преку електронската пошта celaplata@ujp.gov.mk, односно пресметките ги доставува на електронски медиум (ЦД, УСБ и сл.) на шалтерите, УЈП врши обработка на МПИН пресметките, а Декларацијата и Налогот за плаќање се издаваат на електронскиот медиум на кој обврзникот ја доставил пресметката за бруто-плата.

Апелираме обврзници да ги поднесуваат пресметките за бруто-плата преку електронска пошта celaplata@ujp.gov.mk, со што ќе заштедат време и трошоци, односно нема да имаат потреба да доаѓаат на шалтерите на УЈП.

Партнери на Правдико