Правдико

   

УЈП ја објави листата на должници со неплатени долгово до 30.09.2017 година

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2017 за долгови доспеани до 30.06.2017 и неплатени до 30.09.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

-повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

– повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

– надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;

– Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.10/2017 објавени се 2.459 должници – правни лица (помалку за 155 од претходната листа) и 1749 физички лица (повеќе за 3 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2017 изнесува 10.115.289.861 денари, помалку за 603.283.106 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.267.021.995 денари (помалку за 617.069.590 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 42.554.490 денари (повеќе за 8.109.034 денари од претходната листа).

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА

Партнери на Правдико