Правдико

   

УЈП: Нови обрасци за користење на право на даночно ослободување по основ на воведен фискален систем на опрема

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во „Службен весник на РМ“ бр.66 од 05.04.2016 година, објавени се нови правилници за формата и содржината на ПДД обрасци кои ќе се применуваат со отпочнување на примената на членовите 2 и 3 на Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“ бр.23/16), односно од 31.07.2016 година:

ujp

  1. Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања (образец ПДД-02) – се доставува во пресметковниот период, во кој одобрениот фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања е набавен и воведен во употреба. При секоја набавка и воведување во употреба на фискални системи на опрема (до 10 фискални апарати) се поднесува посебно барање.
    Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/157
  2. Барање за паушално плаќање на персонален данок на доход (образец ПДД-П) – обврзникот кој поради определени околности не е во состојба да води деловни книги, или на кого нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе барање данокот од доход за приходите од вршење на дејност да го плаќа според паушално утврден нето-приход (паушално оданочување). Барањето може да се поднесе најдоцна до крајот на годината која претходи на годината за која се врши утврдување на данокот, до УЈП според живеалиштето на даночниот обврзник. Пример: Барањето се поднесува до 31.12.2016 година за да се оствари правото на паушално оданочување во 2017 година.
    Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/30

Истовремено со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“ бр.23/16) кој е во примена од 31.07.2016 година, престануваат да важат следниве обрасци:

  • Барање заради неодлучување по барањето за паушално плаќање на персонален данок на доход (образец Б-МО/ПДД-01)
  • Барање заради неиздавање на дозвола за даночно ослободување односно недонесување на решение за одбивање на барањето (образец Б-МО/ПДД-02)

Во „Службен весник на РМ“ бр.66 од 05.04.2016 година, објавен е нов правилник за формата и содржината на образецот ДД-07 кои ќе се применува со отпочнување на примената на член 4 на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“ бр.23/16), односно од 31.07.2016 година:

  1. Барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец ДД-07) – се доставува најдоцна до 20 јануари (пред поднесувањето на Даночен биланс “ДБ“) во годината што следи по годината за која барањето се поднесува, односно во годината што следи по годината во која е извршена набавката и воведувањето на одобрениот фискален систем на опрема.
    Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/156

Истовремено со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“ бр.23/16) кој е во примена од 31.07.2016 година престануваат да важат следниве обрасци:

  • Барање поради неодлучување по барање за даночно ослободување за воведен фискален систем на опрема (образец Б-МО/ДД-01)
  • Барање поради неодлучување по барање за враќање на повеќе/погрешно платен данок (Б-МО/ДД-02)
Извор: УЈП

Партнери на Правдико