Правдико

   

Унгарија го усвои законот за финансирање на невладини организации од странство

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Унгарските пратеници денеска го одобрија контроверзниот закон за невладини организации фининсирани од странски држави. Законот ќе бара од групите кои добиваат повеќе од 24 илјади евра годишно да бидат регистрирани како „организација поддржана од странство“ или ќе ризикуваат да бидат затворени. Невладините организации исто така ќе траба да ги наведат сите странски спонзори кои ќе им побезбедат повеќе од 1.800 долари годишно.

Законот беше подготвен од страна на Владата на десно-ориентираниот премиер Виктор Орбан, која вели дека мерките се со цел да ја подобрат транспарентноста, како и во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Меѓународните групи за човекови права рекоа дека легислативата има за цел да ги задуши критичките гласови.

Европскиот Парламент минатиот месец ја осуди Унгарија за „сериозно влошување“ на владеењето на правото и фундаменталните права и ја повика владата да го повлече законот.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико