Правдико

   

УНХЦР – Начин на управување и нејзина организација

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

fsdgdfghgf-12252УНХЦР (Високиот Комесаријат за бегалци при ОН) претставува агенција за бегалци која се наоѓа под надлежност на Обединетите Нации. Со неа управува Генералното Собрание и Економскиот и Социјален Совет на Обединетите Нации.

Извршниот Комитет на УНХЦР ги одобрува нејзините двегодишни програми како и буџетот на агенцијата. Програмите и буџетот се презентираатод страна на Високиот Комесар за бегалци (моментално Антонио Гутерес)  кој се именува од страна на Генералното Собрание на ОН. Мандатот на Агенцијата за бегалци е дефиниран со Статутот на УНХЦР од 1950 година.

Во 2003 година, Генералното Собрание реши да го продолжи мандатот на организацијата “се додека  не биде најдено решение за проблемот со бегалците”. Високиот Комесар е должен да поднесува годишни извештаи за работата на УНХЦР до Генералното Собрание и Економскиот и Социјален Совет.

0,,18715847_303,00Бидејќи Високиот Комесар се наоѓа на чело на организацијата, тој е одговорен за управување и контрола на УНХЦР. Тој управува со работата на организацијата со помош на неговиот заменик и двајца асистенти на Високиот Комесар – за заштита и за операции.

Агенцијата има повеќе од 9300 вработени во 123 земји. Повеќето од операциите на УНХЦР се одвиваат на терен. Глобалните операции со текот на годините станаа доста сложени: активностите се движат од вработување на нови луѓе и обезбедување на нивната сигурноство опасни ситуации, до набавка на разни видови  помош – лекови и храна. Работата на УНХЦР на терен се управува преку регионални канцеларии, подружни канцеларии, помали канцеларии како и теренски канцеларии. Претставниците на Високиот Комесар раководат со операциите во земјите во кои агенцијата работи, а исто така постои и одреден број на регионални претставници.

УНХЦР има добиено Нобелова награда за мир два пати, во 1954 и 1981 година.

Извор: Павлинче Маркоска

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико