Правдико

   

Уште 10 дена за поднесување на Годишна даночна пријава за персонален данок

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

g_ujp-nova1Обврзникот на данокот на доход е должен да поднесе Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) за остварениот доход по истекот на годината за која се утврдува данокот, најдоцна до 15-ти март наредната година.

Годишната даночна пријава можете да ја поднесете до даночната канцеларија на УЈП според местото на живеење, до Контакт центарот Скопје (ГТЦ, 2-ри кат) без разлика на местото на живеење на граѓанинот или по електронски пат преку системот http://etax.ujp.gov.mk.

Даночниот обврзник кој остварува само приходи од плати или пензии, само приход од земјоделска дејност или само приходи од самостојна дејност не е должен да поднесува Годишна даночна пријава.

ВАЖНО: Годишна даночна пријава се поднесува и за примениот регрес за годишен одмор, приходите остварени преку интернет (е-трговија), надоместокот на плата за породилно боледување, износот на пензијата, секоја добивка остварена од општите игри на среќа во износ поголем од 5.000 денари.

Не заборавајте и не го чекајте последниот момент за да ја исполните вашата граѓанска должност. Како граѓанин и даночен обврзник на персоналниот данок на доход, најважниот датум за вас е 15 март – последниот ден за пријавување на приходите и поднесување на Годишната даночна пријава. Годишната даночна пријава можете да ја поднесете почнувајќи од 1 јануари, но не подоцна од 15 март 2015 година.

Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) е бесплатна и можете да ја преземете преку интернет,  или да ја побарате во даночните канцеларии на УЈП. Годишната даночна пријава, пополнета во 2 (два) примерока, поднесете ја во надлежната даночната канцеларија на УЈП, според вашето место на живеење или преку е-даноци http://etax.ujp.gov.mk Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира…, односно е со привремен престој во Скопје, даночната пријава може да ја поднесе во Контакт центарот Скопје (ГТЦ 2-ри кат, над Кино Милениум) без разлика на местото на живеење. Исто така, имате можност пријавата да ја поднесете по пошта (во 1 примерок) на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП.

Поврзани статии:

– Поднесете Годишна даночна пријава за персонален данок на доход- казни од 500 до 1000 евра

Партнери на Правдико