Правдико

   

Уште три дена за поднесување годишна сметка во писмена форма

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Приемот на годишните сметки за 2014 година на сите видови на субјекти се врши во сите регистрациони канцеларии при Централниот регистар на РМ на чија територија се наоѓа седиштето на субјектот.

centralen-registar

Обврзници за доставување на годишна сметка се:

– Субјекти од нефинансискиот сектор кои вршат трговска дејност заради остварување добивка
– Буџетските корисници
– Буџетот на Републиката, буџетите на единиците на локалната самоуправа и на буџетите на фондовите
– Непрофитните организации
– Самостојни вршители на дејност
– Субјекти од финансискиот сектор (Банки и други финансиски институции)
– Друштва за осигурување

Начин на доставување на годишните сметки и финансиските извештаи

Доставувањето на годишните сметки може да се врши во  канцелариите на Централниот регистар во хартиена форма или преку интернет страницата на Централниот регистар, согласно Правилникот за начинот и условите за поднесување на годишната сметка во електронска форма.

Во Централниот регистар се примаат годишните сметки во хартиена форма на пропишаните обрасци, со задолжително внесени податоци од страна на самите субјекти за идентификација: назив, седиште, ЕМБС (матичен број – во заглавието на обрасците (во кодексите 4 до 11), податок за даночниот број, големина на субјектот, како и  запишан телефон за контакт. Годишната сметка се доставува во еден примерок со пропратно писмо во два примероци, на кое Централниот регистар со приемен штембил го потврдува доставувањето на годишната сметка. Податоците во обрасците треба да се читливо пополнети со хемискo пенкало или на компјутер, а износите да се искажани во денари.

Податоците од годишната сметка составена и потпишана согласно со Закон, кои до Централниот регистар се доставуваат во електронска форма се потпишуваат со електронски потпис на сметководителот, односно овластениот сметководител кој ја составил годишната сметка или на законскиот застапник на субјектот.

Рокот за доставување на годишната сметка е до крајот на месец февруари, односно до 15 март за годишните сметки доставени во електронска форма.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико