Правдико

   

(ВИДЕО) Бркотница на море – грчката полиција заплени 1,6 тони дрога

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчката крајбрежна стража уапсила 11 лица во голема акција против шверцерите со дрога. Во бркотницата на море запленет е глисер на кој биле пронајдени 1,6 тони дрога, пренесуваат грчките медиуми.

Бркотницата со шверцерите на дрога од Јадранското Море се проширила и на Егејското Море, по што грчката крајбрежна стража пресретнала еден од криумчарските глисери. Уапсените се државјани на Грција, Италија, Албанија и Бугарија. Како што пренесуваат албанските медиуми, меѓу уапсените се и двајца полицајци од Саранда. Еден од уапсените Албанци е ранет, објави дневникот „Шекули“.

Грчките медиуми тврдат дека двајца криумчари се ранети откако пукале кон крајбрежната стража.

Акцијата е дел од широката операција против шверцерите на дрога од Албанија кон Западна Европа во која, освен локални полицајци, вклучени се и американски ФБИ, британска и германска полиција.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико