Правдико

   

(ВИДЕО) Јанева: Сè уште не можам да потврдам дали тајните податоци од судот стигнувале до претседателот Иванов

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство ги анализира материјалите земени при вчерашните претреси во домовите и канцелариите експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски и на лицата кои се сомничат за оддавање службена тајна, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Според неа, сè уште е рано да се каже дали тајните податоци за кои се сомничи Панчевски дека ги изнесувал од судот стигнувале до претседателот на државата, Ѓорге Иванов, пред неговата одлука за аболиција.

– Не можам ништо да потврдам бидејќи во овој момент податоците што се одземени уште се анализираат. Откако ќе биде анализирано, во интерес на нашите постапки ќе бидете извесетни. Ги видов написите на социјалните мрежи, тоа воопшто не можам да го потврдам, тоа се само шпекулации и претпоставки, изјави Јанева.

Јанева посочи дека со асистенција на МВР синоќа е извршен претрес во домовите на три лица за кои имале наредби, како и личен претрес на Панчевски.

– Вчера вечерта се прибраа нашите екипи и полицијата во врска со претресите. Синоќа и денеска се составуваат записници и сè што е земено ќе биде доставено до Обвинителството. Мислам дека тоа што го баравме и најдовме во домовите го земавме. Дали е сè што е потребно, не можам да кажам, рече Јанева.

Вчера специјалната обвинителка Јанева со својот тим изврши претрес во канцеларијата на судијата Панчевски и ги одзеде податоците од компјутерскиот систем на споредување предмети во Основниот суд. Таа се сомнева дека се „местеле“ предмети на СЈО преку АКМИС системот и се издавале службени податоци за други лица во јавноста и други заинтересирани страни.

Г.Н.Р

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико