Правдико

   

Видео материјалот што го снима полицијата ќе може да го чува до 6 месеци

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

47F520F5152FE94FAC1C5ED58295D3EBСо Законот за полиција , нормaтивно правно се уредуваат полициските работи, организацијата на Полицијата, полициските овластувања и правата и обврските што произлегуваат од работниот однос на полициските службеници во Министерството за внатрешни работи, што не се уредени со Законот за внатрешни работи.

Поаѓајќи од принципот на конзистетност на правниот систем, кој меѓу другото претпоставува прецизни нормативни решенија, Министерството за внатрешни работи пристапи кон допрецизирање на одредбите од Законот за полиција со кои се уредуваат прашањата за примена на полициските овластувања, особено употребата на технички средства за видео снимање.

Имено, со членот 93-а предвиден со последните измени и дополнувања на Законот за полиција се уредува можноста Полицијата да употреби технички средства за видео снимање, со кои ќе се обезбеди снимен материјал (видео запис) за начинот на кој се презема конкретно дејствие во рамки на примената на полициските овластувања од страна на полициските службеници. Снимениот материјал треба да овозможи унапредување на степенот на основаност на преземените дејствија од страна на полициските службеници, со цел легитимно и соодветно постапување на припадниците на Министерството за внатрешни работи при примената на полициските овластувања утврдени со Законот за полиција.

Со видео записот на начинот на кој е преземено полициското дејствие ќе се спречи можноста од евентуални злоупотреби односно пречекорување на овластувањата од страна на полициските службеници, односно ќе се овозможи соодветно оценување на основаноста, оправданоста и легитимноста при примената на полициските овластувања, што секако е во функција на обезбедување повисок степен на заштита на човековите права и слободи. Снимениот материјал е предвидено да се чува во Полицијата шест месеци, по што материјалот се уништува, освен материјалот што претставува доказ во кривична или прекршочна постапка, со кој е предвидено да се постапува во согласност со закон.

Содржината на предметниот член произлегува од Проектот на Европската унија ,,Градење на капацитетите на институции кои што го спроведуваат законот за соодветен третман на задржани и притворени лица“, чија имплементација ќе се овозможи преку воспоставувањето формално-правна основа во Законот за полиција.

Во процесот на преземање на активностите за практична имплементација на членот 93-а од Законот за полиција, од страна на надлежните експерти беше укажано на потребата од допрецизирање на термините ,,видео снимање“ односно ,,видео запис“ со конкретно и нормативно прецизирање на ,,аудио“ сегментот, како и скратување на временскиот рок предвиден за чување на снимениот материјал во Министерството за внатрешни работи.

Предложениот закон содржи решенија кои имаат за цел нормативно допрецизирање на решенијата предвидени во членот 93-а со што ќе се овозможи и нивна доследна практична имплементација.

 

 

Партнери на Правдико