Правдико

   

(ВИДЕО) Најмалку 50 загинати и над 200 повредени во Лас Вегас

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бројот на жртви во нападот во Лас Вегас постојано расте. Најмалку 50 загинати и над 200 повредени според последните информации од полицијата, пренесе Си-ен-ен.

Очевидци велат дека куршумите биле испалени од повисока хотелска позиција. Според досегашните информации од Метрополитен полицијата во Лас Вегас, еден осомничен за нападот е убиен и се претпоставува дека нема други напаѓачи.

Нападот се случил во близина на казиното „Менделеј беј“ во центарот на Лас Вегас за време на фестивалот „Route91 – Harvest“ кога непознат напаѓач пукал во посетителите на фестивалот на кантри музика.

Полицијата исто така соопшти дека се во потрага по жена – Марилоу Данлеи.

Извор: Макфакс

Идентификуван напаѓачот во Лас Вегас

Партнери на Правдико