Правдико

   

(ВИДЕО) Откриени 12 мигранти во автомобил, возачот еден час им бегал на полицајците

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дванаесет мигранти утрово открила полицијата во автомобил мерцедес С, кај рафинеријата Окта. Возачот на автомобилот еден час им бегал на полицајците, по што, конечно, бил запрен.

„Во автомобилот се превезувале 11 Пакистанци и еден Египќанин. Четворица од нив биле во гепекот на автомобилот“, информираше на прес-конференција новиот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски.

Бркотницата со возилото траела околу еден час. Возачот ја поминал патарината кај Велес со огромна брзина при што ја скршил рампата. Во едночасовните обиди, од страна на полицијата биле поставени неколку пречки со цел да се сопре возилото кое пренесувало мигранти, но возачот успешно ги поминал.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден спроведе координирана акција со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за сузбивање на организираното криумчарење мигранти, на подрачјето на повеќе населени места.

Обвинителството соопшти дека се поднесени кривични пријави против 23 лица, а меѓу осомничените има едно малолетно лице. Четири лица се државјани на Република Албанија.

Лицата се осомничени за сторени кривични дела криумчарење мигранти и организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти.

Во моментот на 12 осомничени лица, достапни на органите на прогонот, им е определена мерка притвор во траење од по 30 дена, а на едно лице мерка куќен притвор. Другите 10 лица се во бегство и се преземаат мерки и дејствија за нивно пронаоѓање.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико