Правдико

   

Владата донесе законски измени за намалување на глобите

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Aleksandar-G-orgievВладата на Република Македонија денеска на седница усвои дваесетина закони за усогласување на регулативата.

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, соопшти дека законите се од различни области: земјоделство, труд и социјална политика, економија, финансии, царина. Според Ѓорѓиев, тие опфаќаат 80-90 отсто од најчестите прекршоци.

Како што посочи Ѓорѓиев, новите закони ќе придонесат за растоварување на бизнисот од високи трошоци, имајќи предвид дека висината на глобите се приспособува на економската моќ на фирмите.

Законите ќе бидат испратени во Собранието за понатамошно гласање, за што побргу да почне правната примена на намалените санкции за стопанските субјекти.

Извор:META.mk

Партнери на Правдико