Правдико

   

Во Истанбул уапсен вработен во конзулатот на САД

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турската полиција уапсила еден вработен во американскиот конзулат во Истанбул порани наводна поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен, кого официјална Анкара го смета за главен организатор на неуспешниот удар.

Турскиот државјанин, идентификуван како М.Т., е уапсен синоќа поради наводна шпионажа и обид да се уништи уставниот поредок и владата во Турција. Тој е осомничен за врски со поранешниот јавен обвинител и со четворица шефови на турската полиција кои ја воделе истрагата за корупција во 2013 година. Властите го обвинија Ѓулен дека стоел зад истрагата за корупција за да ја собори владата.

Американската амбасада во Турција во текот на денот ќе објави соопштение за апсењето.

Извор: Мета

Партнери на Правдико