Правдико

   

Во подготовка измени во Законот за консолидација на земјоделско земјиште

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Потребата за носење на измени на постоечката регулатива за консолидација на земјоделското земјиште, произлегува од неколку причини кои особено се однесуваат на недоволното прецизирање или непостоење на одредби во постојниот закон од кои произлегува неефикасно функционирање на предвидените механизми за спроведување на процесите на окрупување на земјоделското земјиште.

Направените истражувања и анализи детално утврдуваат низа на процедурални пречки и недоречености во посотјното законско решение кои целосно го оневозможуваат спроведувањето на консолидацијата на земјоделско земјиште и во предвидена постапката со распределба и во постапката со размена. Истите пречки беа утврдени во процесот на тестирање на постојниот закон за консолидација при спроведување на два пилот проекти во определени региони во земјата во периодот од 2014 – 2016.

Целта на предложените измени и дополнувања на законот е допрецизирање и овозможување на ефикасно спроведување на предвидените постапки за консолидација на земјоделско земјиште со цел промена на неповолната структура на земјоделското земјиште во РМ, преку допрецизирање на постоечките постапки и воспоставување на механизми за надзор и заштита на засегнатите страни во процесот.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 12/12/2017 – 31/12/2017

Партнери на Правдико