Правдико

   

Врховниот суд ја уважи жалбата на Трамп за забраната за мигранти

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд на САД ја прифати жалбата на Адмистрацијата на Трамп на одлуката на федералниот Апелациски суд, која, според Министерството за правда, ќе овозможеше пред крајот на октомври во САД да влезат околу 24.000 бегалци.

Одлуката на судот ја блокираше пониската судска одлука.

Сепак, ова не е конечна одлука на Врховниот суд на САД во врска со прашањето за политиката за бегалците.

Сегашната пресуда му дава делумна победа на Трамп, бидејќи Врховниот суд на САД допрва ќе одлучува дали извршната наредба на американскиот претседател за имигрантите е согласна со американскиот устав.

Судот, на 10 октомври ќе ги сослуша аргументите за законитоста на забраната за влез во САД на граѓани од шестте претежно муслимански земји, како и бегалци од целиот свет.

Се уште не е јасно за што точно треба да одлучи Судот, бидејќи забраната за граѓаните од шестте муслимански земји, што беше воведена на 90 дена, истекува кон крајот на месецов, додека важноста на забраната за влез на бегалците ќе престане за еден месец.

Со наредбата издадена на 6 март, беше забрането влегување во САД на граѓани од Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен за 90 дена, а повеќето од барањата за азил во САД беа запрени од можност да ги добијат за 120 дена.

Наредбата стапи на сила на крајот на јуни. Минатата недела Апелациониот суд им дозволи на роднините на американските државјани да влезат во САД и Белата куќа не поднесе жалба на оваа одлука.

Извор: Новатв.мк

Партнери на Правдико