Правдико

   

Вучиќ подготвен за компромисно решение за Косово

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е подготвен на компромисно решение со Албанците во Косово, пренесува „РИА новости“.

По ова прашање, во септември, тој ќе иницира широка дискусија во земјата.

„Ако создадеме оска на мирот и стабилноста на линијата север – југ на Западен Балкан меѓу два големи народа, Србите и Албанците, тоа ќе реши над 80 отсто од нашите политички проблеми во следните 100 години“, изјави Александар Вучиќ во врска со Косово.

Според него, одлуката во врска со Косово треба да биде незадоволителна и за двете страни бидејќи само тоа е начинот да биде постигнат компромис. Тој додаде дека решението нема да биде донесено поради Србите во минатото, туку за оние што живеат сега и во иднина.

„Важно е да имаме добри односи со Албанците и да ги ставиме овие односи во ред еднаш и засекогаш, а не да се продолжува со замрзнат конфликт. Немам големи надежи, но сѐ уште има некои “, рече српскиот претседател.

Тој призна дека кој било компромис ќе биде тежок. „Србија никогаш нема да прости“, рече Вучиќ и додаде дека знае какви лични и политички последици може да се случат за оној што учествува во сличен процес.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико