Правдико

   

За две години, 22 деца загинале во сообраќајни незгоди

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со почетокот на учебната година почнува нова едукативна кампања наменета за децата и родителите. Кампањата ќе се реализира под мотото „Ѕвони за час! Возете внимателно, дечињата тргнаа на училиште“ и целта е да се зголеми безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот и да се заштитат децата од повреди и загуби во сообраќајот.

Од РСБСП препорачуваат возачите кога ќе видат знак „училиште“, задолжително да ја намалат брзината, да бидат внимателни на пешачки премин, во близина на училиште или градинка внимателно да го паркираат возилото и секогаш кога возат деца, да користат детско седиште или безбедносен појас. Покрај ова, се препорачува секој родител да го информира своето дете со основните правила и прописи во сообраќајот.

Статистичките податоци покажуваат дека во 2015 година 17 деца на возраст до 14 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а во 2016 година оваа бројка изнесува 5.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико