Правдико

   

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат хрватските медиуми.

Од полицијата за „Индекс.хр“ потврдуваат дека во трамвај на линијата бр. „6“ непознат маж најпрво салутирал со нацистички поздрав и извикувал „Зиг хајл“. Потоа, кога една патничка во трамвајот го предупредила на неговото однесување, почнал во трамвајот да прска со солзавец.

Во инцидентот бил повреден и возачот на трамвајот, кој побарал и лекарска помош, а полицијата сè уште го трага по напаѓачот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико