Правдико

   

Законот за авторското право и сродните права ќе се хармонизира со законодавството на ЕУ

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Досегашната имплементација на Законот за авторското право и сродните права покажа дека моделот утврден во постојниот Закон го отежнува функционирањето на системот на колективното управување со наметнување на несоодветни обврски, надлежности и процедури, од една страна, а од друга отсуство на регулирање на прашања битни за ефикасно и соодветно колективно управување.

 

Исто така, се утврди дека е потребно Законот да се усогласи, односно хармонизира со: Директивата 2011/77/ЕУ за изменување на Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права; Директивата 2012/28/ЕУ за дозволено користење на делата сираци и Директивата 2014/26/ЕУ за колективното управување на авторското право и сродните права, како и за издавања одобренија за повеќе државни подрачја за правата на користење на интернет на музуички дела во внатрешниот пазар, во делот на колективното управување на авторското право и/или сродните права.

Целта на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права е негово хармонизирање, односно доусогласување со законодавството на Европската Унија, како и создавање на нормативни претпоставки за остварување на ефикасен и рационален систем на колективно управување со авторското право, односно сродните права.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 10/10/2017 – 30/11/2017

Партнери на Правдико